14:18 - 19 февруари, 2026

(Фото) Илина Арсова се врати од Америка, на ова посебно место е сега

Познатата планинарка и уметница Илина Арсова се врати од Америка каде што беше неколку години и сподели приказна од посебно место.

Арсова на Универзитетот во Тенеси беше на докторски студии и работеше како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт.

– Напредувам во истражувањето што најчесто се занимава со проблемите на родова еднаквост во спортот. Како единствена Македонка која се искачила на Монт Еверест и на највисоките врвови на сите седум континенти, многупати бев дискриминирана и деградирана од власта и од институциите. Токму тоа е мојот мотив за работа и научно истражување на таа тема – изјави планинарката за „Слободен печат“ пред две години.

Последниве објави на Илина се од Македонија и поврзани со Македонија, таа одамна не објавила нејзина фотографија од Америка. Останува самата да открие дали засекогаш се враќа дома или повторно ќе замине во САД.

– Спокој. Езерото се одмара од напорната сезона и контаминација од метеж, бучава, излеано гориво и други загадувачи… процес невидлив за човековите очи.

Ретките посетители во овој период од годината, се восхитуваат на уникатниот пејзаж на Охрид, сега во есенското руво… Каква хармонија, мајсторство на природата. Зарем досега ништо не научивме од природата – напиша Илина во еден од своите понови постови од Охрид.

По разделбата со Игор Џамбазов, во истото интервју таа рече:

– Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели.

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....