10:29 - 12 март, 2026

(Фото) Хари го прослави својот роденден со Меган во Германија: „Се шокирав кога ги видов во мојот ресторан…“

Принцот Хари, кој наполни 39 години, го прослави својот роденден во друштво на сопругата Меган Маркл и неговите асистенти во германскиот ресторан „Im Goldened Kessel“ во Дизелдорф. Војводите од Сасекс дојдоа во Германија на Игрите Инвиктус.

Сопственичката на ресторанот Теа Унгерман и главниот келнер Френк Вакерс ги информираа новинарите на Дејли Меил за славеничката вечер и споделија фотографија со парот на Инстаграм.

„Хари е прекрасна личност, цело време беше весел и се забавуваше. Меган беше прекрасна. Беа слатки и многу среќни”, рече Унгерман.

принтскрин Инстаграм

„Хари и Меган седеа еден до друг за време на вечерата. Се возбудив кога влегоа во ресторанот и ги видов, претходно го гледав како настапува на сцената на игрите Инвиктус и не можев да верувам дека е во мојот ресторан“, додава таа.

Двојката пробала локални јадења и пиеле пиво.

„Хари рече дека ќе ме убие ако пивото е лошо, но знам дека се шегуваше“, изјави главниот келнер Вакерс. Тој истакна дека откако Хари ја платил сметката, на персоналот му оставил „огромен бакшиш“.

Двојката ја поминале вечерта со своите асистенти и постојано – и многу љубезно и спонтано – комуницирале со персоналот на ресторанот. Покрај тоа, тие не ги одбиле другите гости на ресторанот кои побарале да се фотографираат со нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by What Meghan Wore (@whatmeghanwore)

Секако, лежерниот изглед на Меган остана забележан – чевлите се од марката Маноло Бланик, кошулата со риги е „Доен“, а белите фармерки се од „Фрејм“.

 

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....