19.8 C
Скопје
19:02 - 7 мај, 2026

(Фото) Густата магла и лизгавиот коловоз ги спречило киднаперите на Даниел Кајмакоски да го спроведат својот план до крај!

Вечерта помеѓу саботата и неделата во Белград беше киднапиран македонскиот пејач Даниел Кајмакоски. Според она што досега објавија српските медиуми, Кајмакоски бил грабнат на паркинг, кога одел кон својот автомобил.

Густата магла и лизгавиот коловоз, очигледно, одиграле клучна улога во спасувањето на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој во саботата беше киднапиран во Белград.

Како што рекол изворот за српски „Курир“, можно е киднаперите да се дезориентирале во услови на намалена видливост и на кружниот тек кај Рума не успеале да свртат во планираната насока, па продолжиле право, по што ја изгубиле контролата врз возилото и слетале од коловозот, удирајќи во насипот.

– Токму оваа низа околности довела до прекинување на нивната понатамошна намера. Интересно е и тоа што киднаперите сосе жртвата во автомобилот успеале да поминат низ две наплатни рампи, во Шимановци и во Рума. Меѓутоа, ударот во банкината ги запрел во понатамошно бегство. Откако удриле во заштитна ограда и го оштетиле автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се од турска националност, продолжиле да бегаат пеш. Истрагата продолжува, а надлежните ги испитуваат сите околности на овој настан, вклучувајќи ги и движењата на осомничените пред инцидентот – рекол изворот за „Курир“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


За потсетување, постои сомнение дека двајца странци го пресретнале Даниел Кајмакоски по неговиот настап во бар во Бетон Хала ноќта помеѓу саботата и неделата. Под закана со нож и пиштол, му наредиле да влезе во неговиот автомобил, бело „волво“, каде што го врзале. Киднаперите наводно побарале од пејачот 20.000 евра, но не ги добиле парите.

– Патролата на сообраќајната полиција во Белград се обидела прва да ги запре, но бидејќи возачот на „волвото“ не застанал, туку додал гас, ги вклучиле алармите. Недолго потоа, некој од опкружувањето на пејачот се јавил во полиција и пријавил „исчезнување“. Потоа, покрај сообраќајната полиција, во потрагата се придружиле и други полициски единици. Белото „волво“ потоа било пронајдено на автопатот во близина на излезот за Рума, каде што доживеало сообраќајна несреќа, односно удрило во насипот – рекол изворот и додал дека полицијата го пронашла пејачот, кој бил во шок во возилото.

По ова, напаѓачите успеале да избегаат пеш во блиската шума, користејќи ја ноќта и тешкиот терен. Кога полицијата пристигнала на местото, го затекнала Кајмакоски врзан за седиштето, видно потресен, но без сериозни телесни повреди. Лекари го прегледале пејачот и му укажале помош, по што тој бил префрлен на безбедна локација.

Киднаперите сè уште се во бегство, а полицијата интензивно трага по нив.

Слични објави

(Фото) Место за совршени прослави и евенти без стрес: VIlla Diva, совршена сцена за вашиот посебен ден

Еспресо

Теа Таировиќ откри зошто заврши во полиција со сопругот — „Моравме да го решиме ова пред да патуваме во Америка“

E.A.

Мис Бугарија со нова улога – станува продуцентка и актерка во првиот филм направен со вештачка интелигенција

E.A.

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно имплементирана првата реверзна протеза на рамо во Клиника „Жан Митрев“

Еспресо

(Фото) Фановите преплашени! Ела Дворник го покажа лицето по пластичната операција

Еспресо

Одличен предлог за ручек: Пикантни крцкави крилца од рерна

Т.Ц.
Се вчитува....