09:48 - 5 декември, 2025

(Фото) Гордо ги носи своите години кои никој не би ѝ ги дал – вака Сузана Спасовска прослави роденден

Иако изгледа како никогаш да не се сменила и дека годините ништо не ѝ можат, Сузана Спасовска неодамна наполни 61 година. Таа е златното грло на македонската народна музика, првенка на ансамблот „Танец“, мајка на Теона и баба на Клара.

Сузе во една прилика со радост се потсети на времето кога таа била мала.

Кога сме оделе во маркетот да купуваме намирници, понекогаш кога ќе ме виделе така детски разигана, барале од мене да отпеам песничка, па дури ме качувале и на касата да пеам и играм. Тоа била мојата сцена.

Вообичаено, освен некоја кратка детска песничка од тоа време, сум знаела да ја запеам и старата народна песна „Море што ти текна, што побегна”, песна која мајка ми додека шиеше си ја пееше, а јас сум си ја запомнила. Бев најрадосна за сите лижавчиња, бомбони, чоколатца, а и по некоја ситна паричка на крајот на мојот “сценски настап”“, се сеќава Спасовска.

„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, хахахаааа… Ама, не, сепак вака си е најдобро. (единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7) а,тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм…
Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам! Слава ти Боже !“, напиша Сузе на Фејсбук.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....