9.8 C
Скопје
23:25 - 24 октомври, 2026

(Фото) Филмско запросување — Калиопи сподели преубава приказна од Бања Лука

Прекрасна љубовна приказна со филмска романтика сподели Калиопи на социјалните мрежи.

Локалниот „Дајак клуб“ од Бања Лука објави волшебни кадри од запросување кое се случило на самата река Врбас, веднаш под историските ѕидини на познатата тврдина Кастел.

Запросувањето било организирано на традиционален дајак-чамец, кој бил специјално осветлен за оваа прилика. Во моментот кога момчето клекнало на колена за да ја побара раката на својата сакана, во заднина величествено светела тврдината Кастел.

Калиопи ја презеде истата фотографија на својот официјален инстаграм-профил, која е споделена со позната песна „Знам“ – дуетот со Жељко Самарџиќ.

Со стиховите на оваа моќна балада кои зборуваат за безвременската љубов, Калиопи ги сподели со коментарот: „Некои од најубавите приказни допрва чекаат да бидат раскажани…“.

Фото: Скриншот

Од „Дајак клуб“ исто така со огромно задоволство ја споделија среќната вест.

„Кажа ДА. На Врбас, под небото, во прегратка на љубовта. Дајак-чамецот е сведок на една приказна која дури сега започнува“, пишува под нивната објава.

Калиопи и Жељко Самарџиќ ја промоцираа песната „Знам“ во 2023 година, а таа стана голем регионален хит и химна на љубовта. На промоцијата во Скопје, Самарџиќ рече дека Ромео Грил го напишал совршениот дует за него и за Калиопи.

„Дуетот го доживувам како интимен чин, па затоа и не можам да го делам со кој било. Исто како и во љубовта – не се дели перницата со секој! Жељко беше изборот и пред да се роди ‘Знам’. Ние двајцата посакавме песна од маестро Грил, а тој нашата желба ја преточи во реалност“, изјави Калиопи во интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....