19:08 - 13 ноември, 2026

(Фото+видео) Ивона Јо ја посвети својата прва трка на починатиот татко: „Тато, ова беше за тебе“

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, која на јавноста ѝ е позната по сценското име Ивона Јо, викендов учествуваше на „Преспа ран“, а својот прв тркачки предизвик му го посвети на својот татко, кој почина минатата година.

Пејачката на социјалните мрежи сподели фотографии од настанот и откри дека зад настапот стоеле повеќемесечни подготовки, но и силна емотивна мотивација.

„Пробувам да напишам нешто, ама некако не ми оди. Фала ти Боже за силата, за упорноста водена од тебе, за целото спремање повеќе месеци, фала ти за секој миг на уживање што ми го подари дур траеше подготовката за мојата прва трка. Тато, ова беше за тебе, напиша Ивона по завршувањето на трката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)


Неколку дена подоцна таа објави уште една порака, во која откри дека дури по завршувањето на настанот дознала оти 21 јуни, денот кога се одржала трката, бил Денот на татковците.

„Денот на татковците бил на 21 јуни. И тоа го дознав веднаш после трката од една прекрасна жена. Денот кога се надминав себе и своите стравови. Покрај сите искушенија, ја поминав крајната линија. Слава Му на Бога.

После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивните татковци.

Ќале, ова е за тебе. Те сакам! Никогаш заборавен мил мој“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Слични објави

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.
Се вчитува....