18.8 C
Скопје
02:03 - 3 септември, 2026

(Фото) Ела Дворник покажа како го украсила домот за празниците, во фокусот е портретот на татко ѝ Дино

Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник на Инстаграм откри како го уредила својот дом за празниците, споделувајќи ги моментите кога го китела новогодишното дрвце. Меѓу бројните детали, најмногу внимание привлече еден – портретот на нејзиниот татко, легендарниот музичар Дино Дворник.

Ела се одлучила за минималистичко новогодишно дрво, украсено исклучиво со бели панделки и светилки. Од своите следбеници побарала мислење дали повеќе ги сакаат раскошните или едноставните празнични украси.

Покрај дрвцето, таа покажала и како изгледа нејзиниот дневен престој во празнично руво. Посебен акцент ставила на големиот портрет од Дино, поставен над каучот и украсен со светилки, кој доминира во просторот. Целата просторија е украсена со различни растенија, семејни фотографии и голема фигура на Дедо Мраз, создавајќи топла и домашна празнична атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Паралелно со празничните подготовки, јавноста сè почесто шпекулира дека Ела има ново љубовно поглавје во својот живот. На социјалните мрежи таа редовно објавува фотографии со мистериозен маж кого го нарекува „Мештар“, но неговиот идентитет упорно го чува во тајност. Кон крајот на октомври, инфлуенсерката откри дека заедно патувале во Барселона, што дополнително ги засили гласините.

Ела продолжува активно да ја споделува својата секојдневица со следбениците, а нејзините празнични подготовки и семејните моменти секогаш предизвикуваат големо внимание на социјалните мрежи.

Слични објави

(Видео) „Каде е мојот сопруг?“ Наташа Беквалац блесна во бел фустан и направи хаос

Еспресо

(Видео) Ќерката на Дарко Лазиќ ужива во последните летни денови: Малата Срна во базен ги освои сите

Еспресо

(Фото) Ќе се изненадите кога ќе го видите таткото на Бојана Лазиќ: Изгледа како нејзин брат

apostolova

Драгана Мирковиќ за најтешкиот период во животот: „Не можев да се враќам дома, тоа беше пекол за мене“

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски отишла „под нож“, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Ава Карабатиќ во прегратка на новиот пријател – покажа кој ја прави среќна сега

Еспресо
Се вчитува....