12:04 - 23 септември, 2026

(Видео) Трудница му даде лист хартија на Ацо Пејовиќ на концертот, кога виде што е напишано, не можеше да верува!

Бремена девојка од публиката му дала лист хартија на Аца Пејовиќ, а кога пејачот видел што е во прашање, не можел да го скрие воодушевувањето. Убавата вест ја соопштил на настапот, а публиката тоа го поздравила со громогласен аплауз.

Имено, на настапот на Ацо Пејовиќ се случила несекојдневна работа. Пејачот на молба на една брачна двојка што присуствувала на неговиот концерт, го открил полот на бебето.

– Ацо, во стомакот има твој нов обожавател. Те молам, кажи ни го полот – пишувало на листот хартија што му го предале, а кој, сигурно е, е резултат на пренаталниот тест бидејќи со него се открива и полот на детето.

– Дали е момче или девојче, ау, ау…  Онака е како што и ти реков додека не го прочитав, девојче е. Јас имам три, вие ќе бидете најсреќните луѓе на светот – им рекол Пејовиќ.

 

@eminchikaa Najbolji gender reveal ikad!🩷 @ACO PEJOVIC @Aco Pejović | Fan Page #babygirl #acopejovic #genderreveal @eMedjimurje.hr @Blic TV @telegrafrs ♬ original sound – Emina


Публиката почнала да вреска, а Ацо ги замолил и за голем аплауз, додека брачната двојка се прегрнувала.

Инаку, познато е дека Ацо Пејовиќ и неговата сопруга Билјана имаат три ќерки Магдалена, Марија и Ива.

Најстарата ќерка на пејачот, Магдалена, дипломирала на приватен факултет, додека средната, Марија, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а познато е и дека дипломирала како една од најдобрите студентки по медицина.

– Таа ме направи најгордиот татко на светот. Сите три ме прават горд татко секој ден. Билјана и јас сме му благодарни на Бог за тоа во какви луѓе пораснаа нашите ќерки. Морам да признаам дека направивме одлична родителска работа.

 

Слични објави

(Видео) Надежда Биљиќ сјае како зад себе да ја нема најтешката битка со здравјето

Е.А.

„Сите сакаа да им бидам љубовница“: Наташа Аксентијевиќ искрено за емотивниот живот и љубовта со оженет маж

Е.А.

(Фото) Маја Шупут го прослави 47. роденден во чипкана долна облека, се соблече и покажа дека годините се само број

Еспресо

Џина Џиновиќ со необично барање до мајка ѝ и очувот: „Од денес водете ме само на вакви места“

Еспресо

Упорната жед е порака од вашиот организам – Лекарите откриваат 10 причини зошто постојано сте жедни

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 23 септември: Не ја занемарувајте потребата за одмор

apostolova
Се вчитува....