06:36 - 7 април, 2026

(ФОТО) ЕДНА СЛИКА 1000 ЗБОРОВИ: Принцезата Шарлин се обиде да стави крај на гласините, неуспешно

Помина еден месец откако принцезата Шарлин итно завршила во болница откако се онесвестила во Јужна Африка.

По цел еден месец, во обид да стави крај на сите шпекулации во јавноста дека нејзината состојба е критична, да покаже дека е добра и дека наскоро ќе се врати во Монако, принцезата на својот инстаграм-профил сподели навидум сосема обична објава.

Но, принцезата Шарлин, како што коментираат многумина, не успеа во тоа. Имено, на фотографијата на која позира со отворена Библија пред неа и бела бројаница што виси околу нејзиниот врат, 43-годишната принцеза Шарлин залудно се обиде да покаже дека е добро, бидејќи тоа е јасно од нејзиното лице дека приказната е сосема поинаква.

Ова е воедно и нејзина прва фотографија откако пред еден месец завршила во болница во Јужна Африка, и откако се онесвестила, што уште еднаш го пролонгираше нејзиното враќање во Монако.

Инаку, деновиве во Монако се одржа премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, а принцот Алберт беше придружуван од холивудската актерка Шерон Стоун, која всушност неодоливо наликува на неговата сопруга.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....