7.8 C
Скопје
03:49 - 30 март, 2026

(Фото) Едита го покажа трудничкиот стомак и новиот имиџ, а проговори и за разделбата со партнерот

Пејачката Едита Арадиновиќ повторно го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави нови фотографии на кои го покажа трудничкиот стомак и изненади со целосно изменет изглед.

Под објавата, таа откри дека во изминатиот период се здебелила десет килограми, нешто што, како што признава, не ѝ се допаѓа. Сепак, бременоста очигледно ја носи со насмевка и самодоверба. На новите фотографии Едита се појавува како русокоса, со значително потенки веѓи, а најзабележлив детал е нејзиниот веќе изразен труднички стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by едита (@editaaradinovic)


И покрај тоа што ужива во бременоста, пејачката останува активна и на професионален план, продолжувајќи со своите ангажмани.

Во меѓувреме, Едита одлучи јавно да проговори и за приватниот живот. Таа стави крај на шпекулациите околу односот со партнерот Ненад Стевиќ, со кого го очекува своето прво дете. Во изјава на социјалните мрежи, таа посочи дека повеќе не се во емотивна врска, но дека ќе останат партнери „за цел живот“ поради детето.

„Ненад и јас не сме емотивни партнери, но сме партнери за цел живот. Тој е добар човек и ќе биде добар татко. Нашето дете е приоритет и ве молам да застанете со насловите“, порача таа, нагласувајќи дека сака да ја заштити приватноста и достоинството на своето идно семејство.

Голема радост поради бременоста изрази и нејзината сестра, Инди Арадиновиќ, која откри дека веста ја примила со солзи радосници.

„Ми напиша порака: ‘Ќе станеш тетка’. Бев пресреќна, заплакав. Како мене да ми се случува“, изјави Инди, додавајќи дека бебето ќе донесе нова енергија и радост во семејството.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....