08:51 - 2 ноември, 2026

(Фото) Душко Тошиќ ја покажа новата девојка – јавно разменуваше нежности со згодната русокоса

Душко Тошиќ неодамна потврди дека е среќен во љубовта, а сега ја објави и првата фотографија со својата нова девојка. Станува збор за атрактивна русокоса по име Нора.

Имено, на фотографијата што беше објавена, Нора нежно се гушка до него додека седат во градината на ресторан опкружени со зеленило.

Убавата русокоса со модерни шишки блескаше со дискретна шминка и насмевка на лицето, облечена во елегантна лесна карирана комбинација со розови детали и златна алка на раката.

Од друга страна, Душко позираше во опуштена кафеава кошула, гледајќи директно во камерата со мека, енигматична насмевка додека главата му беше потпрена на нејзината.

Оваа прва јавна фотографија која покажува дека двојката ужива во заедничките моменти.

Според српските медиуми, неговото срце го освоила жена која има брак и две деца зад себе.

Душко Тошиќ неодамна разговарал со медиумите и признал дека ужива во својата нова љубов.

„Вистина е. Во среќна врска сум и сум задоволен“, кратко коментирал фудбалерот.

Слични објави

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.
Се вчитува....