09:22 - 7 април, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Јужна Америка, Грузија и Кореа?

појадок храна

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Јужна Америка

Емпанади со јаболко


Емпанадите се јадат низ Јужна Америка и се карактеристични за секоја држава. Во Мексико се направени од „маса“ – тесто од пченка, додека оние што се јадат во земји како Аргентина се направени со тесто за пециво. Овие слатки емпанади спаѓаат во втората категорија и се полнат со јаболка и суво грозје.

Грузија

Хачапури

Грузија е мала земја сместена помеѓу Турција и Русија и во минатото служела како важен одмор на трговски пат. И покрај големината на државата, грузиската кујна е и богата и разновидна. Хачапурите се грузиско „пиде“ кое се прави со јајце и саламурено сирење по име Сулгини, што потекнува од Грузија.

Кореа

Ролован омлет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chef Sue M Arukin (@chefsue_arukin)

Овој ролован омлет е многу едноставен за правење и е фаворит за појадок. Се прави омлет кој се ролова заедно со листови алги, наречени „gim“ во Кореја. Се комбинира со чаша чај од печен јачмен – „bori cha“, за целосен корејски појадок.

Слични објави

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....