7.8 C
Скопје
22:56 - 31 март, 2026

(Фото) Џони Деп продаде колекција принт-слики што сам ги направил за неверојатни 3,5 милиони евра: „Моите слики го опкружуваат мојот живот“

Американскиот актер Џони Деп продаде колекција од отпечатоци (принтови) што сам ги направил од холивудски и рок икони, за околу 3 милиони фунти (повеќе од 3,5 милиони евра) преку британска галерија, пренесува новинската агенција Анса.

Фото Интаграм

На Инстаграм, Деп вели дека отпечатоците, направени со компјутерски генерирани слики, биле ставени на онлајн продажба од Castle Fine Art, кој води мрежа на галерии во Британија.

Галеријата соопшти дека колекцијата отпечатоци, насловена „Пријатели и херои“, е „доказ за оние што добро ги познавал и оние кои го инспирирале“. Галеријата ги објави зборовите на актерот:

„Моите слики го опкружуваат мојот живот, но ги задржав за себе и се ограничив. Никој никогаш не треба да се ограничува себеси“.

Принтовите вклучуваат портрети од Боб Дилан, Елизабет Тејлор, Ал Пачино и Кит Ричардс.

Галеријата соопшти дека нејзината веб-страница, на која се претставени 780 парчиња за продажба, е преполна со барања. Купувачите платиле околу 17.800 евра за сет од четири отпечатоци во рамки или 4.700 евра за една принт-слика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Castle Fine Art (@castlegalleries)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....