16:16 - 5 декември, 2025

(Фото) Џенифер Лопез се врати во Италија, ни трага ни глас од Бен Афлек: Еве кој ѝ прави друштво

Џенифер Лопез се врати на одмор во Италија, на брегот Амалфи. Според италијанските медиуми, патувањето во Италија требало да биде со Бен Афлек, но наместо него, кој откажал во последен миг, таа била во друштво на пријателите.

принтскрин

„Тоа требаше да биде патување за враќање на бракот на вистинскиот пат, оној со Бен Афлек, кој се чини дека е предодреден да пропадне. Ѕвездата (Афлек), сепак, не ја придружуваше, но и Џенифер не се откажа од релаксирачкиот престој“, пишуваат италијанските медиуми.

принтскрин

Кризата во бракот, засега, изгледа повеќе од потврдена, а во меѓувреме, за што сведочат и фотографиите објавени во неделниот италијански весник „Ки“, поп-ѕвездата уживаше во луксузен одмор на местата на своето срце, каде што престојуваше и лани.

Стануба збро за одмор од една недела, со престој во луксузната вила Тревила во Позитано, каде дивата беше во друштво на најблиските пријатели, а уживале и во миговите на јахта меѓу Соренто, Капри, Прајано и Нерано. Токму тука, всушност, не можела да ја пропушти посетата на познатиот ресторан Ло Скољо (Lo Scoglio), каде поп-ѕвездата била фатена како ужива во вкусен ручек, со вино како придружба на оброкот.

Џеј Ло покажа облеки од секаков вид, покажувајќи се во елегантни модни комбинации, фустани за плажа, деколтирани костими за капење кои ја истакнаа нејзината убава фигура, како и додатоци од секаков вид за збогатување на изгледот. Нејзини доживотни пријатели се токму овие луѓе околу неа – оние кои ја поддржуваат во овој тежок момент.

(Фото) Тамара Тодевска со саканиот на одмор во Грција: Семејни прегратки и уживање на плажа!

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....