14:15 - 12 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез се смири со пријателката која не го поднесува Бен: „Ти реков дека е себичен!“

Лија Ремини е една од најблиските пријателки на Џенифер Лопез. Заедно го снимија филмот „Second act“ од 2018 година, а честопати во интервјуа нагласуваа колку им е важно пријателството и меѓусебната поддршка. Потоа сè одеднаш се промени, а Лија не беше ни поканета на свадбата на Џенифер со Бен Афлек во август 2022 година.

Се шпекулираше дека Лија не била за тоа Џенифер да се смири со Афлек, за кого сметала дека е себичен и дека ниту овојпат нема да ја најде среќата со него, како што беше случајот пред дваесет години кога Бен ја остави пред венчавката.

„Џеј Ло беше толку лута што прекина секаков контакт“ и не ја покани Ремини на нивната венчавка, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leah Remini (@leahremini)

И сега, кога целиот свет зборува дека Џенифер и Бен се разведуваат и веќе живеат одвоено, некој се врати во животот на Џенифер – а тоа е токму Ремини. Изворот вели дека Ремини сакала повторно да се поврзе со поранешната најдобра пријателка.

„Тие се пријателки со години. Таа сака да разговара со неа, но не може само да се јави и да каже: “Ти реков”. Сега слушаме дека Ремини го скршила мразот и дека пријателките повторно прозбореле и се тука да бидат рамо за плачење“, вели изворот за амриканските медиуми.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....