15:33 - 10 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек вљубени и пресреќни на романтична вечера: Не сте ги виделе во вакво прекрасно издание!

Веќе е познато дека Бен Афлек и Џенифер Лопез си направиле слични љубовни тетоважи за Денот на вљубените, но немавме поим дека тие излегле на вечера на овој посебен ден. Ова ќе биде нивниот прв од оние посебни излегувања насамо како брачна двојка, па очекувано е дека било  нешто возбудливо и романтично.

Според американските портали,  двојката што се венчаше во 2022 година излегла на романтична вечера – местото каде што биле забележани бил ресторанот „Џорџо Балди“ во Санта Моника, Калифорнија. Ова е исто така едно од омилените места за вечера на Ким Кардашијан и Ријана.

Убавата Џенифер беше облечена во колор-блок фустан во бела и розова нијанса, во комбинација чевли на висока платформа, додека Бен Афлек- во елегантно издание во темно син костум и светло сина кошула.

Ова е инаку првиот Ден на вљубените што го прославуваат како сопружници.

На фотографиите јасно се гледа дека се двајцата премногу расположени и постојано насмеани, па така злобните озборувања дека со нивната врска нешто не е во ред веднаш „паѓаат во вода“.

А и ликот на Бен е сосема различен од она уморно лице кое го покажа на доделувањето на наградите Греми.

Нема сомнеж дека се им оди совршено кога се заедно.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....