21.8 C
Скопје
03:28 - 22 август, 2026

(Фото) Џенифер Лопез го покажа празнично уредениот дом вреден 60 милиони долари: Раскошна елка и златни чинии од Хермес

Пејачката, актерка, продуцентка, дизајнерка и една од најбогатите жени во светот, Џенифер Лопез, на почетокот на јуни се пресели во нивниот нов дом на Беверли Хилс со нејзиниот сопруг,  познатиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек.

Конечно го одбраа вистинскиот дом за нив, откако цела година беа во потрага по луксузно живеалиште по нивна мерка. За новиот прекрасен дом потрошиле „скромни“ 60 милиони американски долари.

Станува збор за еден од најприватните имоти во областа, а Џенифер сепак одлучи да сподели дел од својата приватност со повеќе од 253 милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм профил покажувајќи како го уредила домот за празничната сезона која следува.

Во видеото актерката ја покажа својата импресивна празнична маса која е поставена во задниот дел од куќата под пространа покриена тераса со голема надворешна кујна, со поглед на огромен надворешен базен и совршено негуван тревник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Рустикалната маса насекаде е украсена со зелени листови од еукалиптус, како и украси од лимон и портокал, додека на средината на масата се поставени бели свеќи во проѕирни свеќници.

Обожавателите на високата мода пак, обрнаа внимание особено на златните и белите чинии на Хермес, кои во зависност од големината чинат од 200 до 500 долари по парче.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....