6.8 C
Скопје
09:57 - 1 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез ги разгоре гласините за развод: „Не можеш да бидеш во здрава врска со некој кој не е во контакт со самиот себе“

54-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез ги подгрева гласините за развод од 51-годишниот Бен Афлек. Позната личност лајкувала објава за нездрава врска.

Џеј Ло неодамна лајкуваше објава на Инстаграм во која се опишани квалитети на партнерот кои можат да доведат до нездрава врска.

Објавата објаснува дека „не можете да имате здрав однос со некој“ кој „нема интегритет и емоционална сигурност“, кој „не го почитува вашето време“, нема „вештини за комуникација“ и нема чувство за себе.

Иако оваа објава беше објавена во март 2024 година, Џенифер одговори на тоа дури сега, во мај, поради гласините за можен развод од Бен Афлек.

принтскрин, инстаграм

„Само што отидов на Инстаграм и забележав дека на Џенифер Лопез ѝ се допадна мојата објава“, напиша креаторот на текстот, шегувајќи се дека тоа може да биде и ПР тимот на пејачката.

принтскрин, инстаграм

Неколку дена претходно, ТМЗ објави дека Џеј Ло и нејзиниот сопруг живеат одвоено.

Оскаровецот наводно престојувал во соседната куќа, и покрај тоа што со сопругата поседува вила од 60 милиони долари во Беверли Хилс, на околу 30 минути од местото кадешто сега престојува.

Славната двојка се венча во 2022 година. Тие претходно се забавуваа во раните 2000-ти, а врската ја прекинаа по свршувачката.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....