03:14 - 27 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез без долна облека покажа интимна тетоважа под градите: Симбол за вечност со Бен

53-годишната пејачка Џенифер Лопез ја покажа тетоважата под градите.

инстаграм

Пејачката, актерка и бизнисменка Џенифер Лопез позира во фустан без долна облека и покажа интимна тетоважа под градите. Таа ги сподели соодветните фотографии со нејзините обожаватели на Инстаграм.

53-годишната Џенифер Лопез на социјалните мрежи објави неколку фотографии од снимањето за модниот бренд Revolve. Ѕвездата позираше во фустан со принт со отворен грб и шлицови на половината, а под фустанот не носеше градник.

Обожавателите на Џенифер Лопез фокусот го ставија на нејзината тетоважа која таа ја посвети на нејзиниот сопруг Бен Афлек.

На 14 февруари 2023 година, Лопез истетовирала  стрела под левата града, симболично претставувајќи го знакот на бесконечноста со нејзиното име и името на нејзиниот сопруг.

Ѕвездите се венчаа во јули 2022 година, 20 години по нивната прва свршувачка. Афлек првпат ја запросил Лопез во 2002 година, но свадбата, закажана за 2003 година, никогаш не се случила. Во 2021 година ја продолжија врската, а во април 2022 година повторно се верија.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....