13:26 - 2 април, 2026

(Фото) Девојката на Леонардо ди Каприо блесна со веренички прстен во Италија: На повидок брак?

26-годишната италијанска манекенка Викторија Черети, која излегува со 49-годишната холивудска суперѕвезда Леонардо ди Каприо, очигледно успеала да го заведе најподобниот ерген во светскиот шоубизнис, пишува Дејли Мејл.

На одмор со своето познато момче во Италија, таа го покажа свршеничкиот прстен со огромен дијамант во форма на срце, кој првпат беше забележана како го носи во март.

Двојката беше забележана како ужива на ручек во Нерано, пред да заминат да се сончаат на јахта со пријателите. Леонардо изгледаше целосно воодушевен од убавицата, честопати наведнувајќи се кон неа за да разговараат додека уживаа во гурманската италијанска кујна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mysunshine7474

Таа носеше деколтиран црн комбинезон над микро бели бикини со црвена лента, дополнувајќи го изгледот со црни гладијаторски сандали и црвена плетена чанта.

Лео изгледаше релаксирано во беж капа од Los Angeles Dodgers, бела маица и очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@ilovedicapriooo)

На јахтата им се придружија најдобриот пријател на Леонардо, Тоби Мегваер, британската манекенка Нилам Гил, ѕвездата на „Entourage“ Кевин Коноли и поранешниот главен уредник на Вог, Едвард Енинфул.

Кога медиумите првпат почнаа да зборуваат за можната свршувачка на ѕвездите, кои се забавуваат од летото 2023 година, на почетокот на годината, инсајдер ја демантираше оваа информација и додаде дека Виторија го има овој прстен од 2022 година.

И покрај написите за романсата на Виторија и Леонардо, во март оваа година Лео беше забележан на забава пред Оскарите со никој друг туку со пејачката Тејана Тејлор, со која глуми во претстојниот филм на Пол Томас Андерсон. Тејана го галеше лицето на Ди Каприо додека тој ја тапкаше по задникот. Подоцна, извори од кругот на актерот побрзаа да изјават дека меѓу нив имало само деловен однос.

Подоцна истиот месец, тој беше виден на ручек со Виторија во Лос Анџелес.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....