11:58 - 13 ноември, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ ја посвети новата песна на починатиот брат: Објавени кадри од снимањето на спотот, Ѓани постојано покрај него

По 40 дена од смртта на брат му, пејачот Дарко Лазиќ сними песна која му ја посвети токму нему. Тој сподели и неколку кадри од снимањето на видеоспотот, а во текот на целиот процес најголема поддршка му бил Радиша Трајковиќ Ѓани. Во еден момент, на снимањето му се придружиле и сопругата Катарина Лазиќ и нивната ќерка, која седела во неговиот скут и уживала во времето со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Two Louder (@twoloudermedia)

Во интервју по трагедијата, Лазиќ зборуваше за тоа како се справува со болката, но и со негативните коментари на социјалните мрежи. Тој се осврна и на семејството на починатиот брат, наведувајќи дека ќерките на Драган знаат дека нивниот татко починал.

„Не знам што да кажам… Го прифатив тоа, едноставно… Животот продолжува, а за жал понекогаш не е праведен. Но мојата работа е да пеам и морав да продолжам. Знам дека токму тој не би сакал да престанам. Прочитав коментари како: ‘Срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Си помислив – луѓе, имате ли малку почит да напишете такво нешто? Сепак, јас треба да издржувам три семејства“, рече Лазиќ.

Тој додаде дека, кога би можел да го врати брат му, би се откажал од пеењето.

„Најискрено, ако знаев дека можам да го вратам, никогаш повеќе не би запеал. Но публиката очекува од мене да пеам, а и тој би бил лут ако престанам. Тој е со мене, во моето срце, и вечерва првпат ќе пеам за него – и така ќе биде до крајот на животот“, истакна пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Two Louder (@twoloudermedia)

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....