18:21 - 1 ноември, 2026

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри како го прославила 55. роденден: Избра тивка и посебна прослава

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ својот 55. роденден не го одбележа со голема прослава и бучна забава. Наместо тоа, таа избра поинаков начин – денот го помина во Марија Бистрица, во Светилиштето на Мајката Божја Бистричка.

Пејачката сподели фотографии од посетата и откри дека овој роденден за неа имал посебно значење.

„Овој роденден по многу нешта беше посебен за мене, па така и го прославив – посебно, поинаку, тивко, а свечено. Ви благодарам од срце за сите прекрасни честитки и желби“, напиша Мартиновиќ.

По повод 55-от роденден, пејачката се потсети и на интересна приказна поврзана со нејзиното име, која датира уште пред нејзиното раѓање.

Таа откри дека можела да се вика Делајла, бидејќи нејзината мајка многу ја сакала песната „Мај, мај, мај, Делајла“ од Том Џонс.

„Пред точно 55 години светот за малку ќе добиеше девојче по име Делајла, а таа Делајла требаше да бидам јас, бидејќи мајка ми ја обожаваше песната на Том Џонс. За среќа, Божјите планови биле поинакви“, раскажа пејачката.

Како што објасни Мартиновиќ, одлуката за името се променила во еден сосема случаен момент. Нејзината мајка се обраќала на немирно двегодишно девојче, обидувајќи се да го смири, повторувајќи: „Данијела… Данијела“. Потоа го погалила стомакот и рекла: „Ти ќе бидеш Данијела“.

Така, наместо името инспирирано од познатата песна, пејачката го добила името по кое денес ја препознаваат нејзините обожаватели.

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.
Се вчитува....