7.8 C
Скопје
00:03 - 30 март, 2026

(Фото) Данијела Димитровска се омажи во фустан на Викторија Бекам: Еве колку чини венчаницата и каде ја носела самата дизајнерка

Водителката и манекенка Данијела Димитровска вчера тајно стапи во брак со својот партнер Јеврем Косниќ.

По црковното венчавање, двојката организираше интимна прослава во еден белградски ресторан, а Данијела блесна во елегантен и впечатлив стајлинг што привлече големо внимание.

За својот посебен ден, таа избра префинет, но исклучително моќен изглед. Данијела носеше бел фустан од колекцијата на Викторија Бекам, чија цена изнесува околу 1.300 евра. Станува збор за модел што ја следи линијата на телото, со суптилни процепи на ракавите и набори околу колковите. Интересно е што истиот фустан го носела и самата Викторија Бекам при вечера со сопругот Дејвид и принцот Чарлс.

Манекенката внимаваше на секој детаљ – за време на црковната церемонија на главата носеше марама, додека преку фустанот имаше бел капут со сатенски ревери. Станува збор за струкиран модел од познат моден бренд, чија цена се движи околу 2.800 евра.

Стајлингот го заокружи со елегантни бели чевли со сребрени детали, дело на полска дизајнерка која е омилена меѓу холивудските ѕвезди како Лејди Гага и Кети Пери. Цената на чевлите изнесува околу 1.400 евра.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....