7.8 C
Скопје
21:46 - 30 март, 2026

(Фото) Бугарски актер ќе го замени Милош Биковиќ во „Белиот лотос“: Физички си личат

Откриено е кој ќе го замени српскиот актер Милош Биковиќ во хот серијата Белиот лотос, откако глумецот ја загуби улогата поради новодни проруски ставови.

Јулијан Костов (34), бугарски актер, ќе ја толкува улогата на гуру склон кон флертување, која првично беше наменета за Биковиќ.

Како што пренесува „Deadline“, Костов веќе ја добил улога во „Белиот лотос“, а снимањето наскоро ќе започне во Азија.

Јулијан доаѓа од Варна, а играше во продукции како „Сенка и коска“ и „Токсичниот одмаздник“.

Биковиќ, да потсетиме, се најде на удар на Министерството за надворешни работи на Украина, кое го нарече „актер на Путин“ и го обвини за „поддршка на геноцид и кршење на меѓународното право“. Минатата недела Министерството за надворешни работи на Украина го повика HBO да го отстрани српскиот актер, кој сега е заменет во серијата Белиот лотос со бугарскиот актер Костов.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....