17:55 - 11 април, 2026

(Фото) Бредли Купер ја потврди романсата со Џиџи Хадид: На прошетка фатени за рака

Двојката многупати е забележана на средби, но ова е првпат да направат гест за да ја покажат својата врска. Ѕвездите излегоа на прошетка во Лондон.

Американската моделка Џиџи Хадид (28) и актерот Бредли Купер (49) беа забележани како се држат за раце за време на средбата во Лондон, среде гласини за нивната романса, пишува Page Six.

Славниот пар конечно ја потврди својата врска за време на романтичната прошетка низ британската престолнина.

Супермоделот со палестинско потекло носеше беж панталони, темно кафеава кожна јакна-бомбер и црни мокасини. Изгледот го дополни со мала црна чанта, очила за сонце и златни обетки. Мајката на едно дете ја врза косата во уредна пунџа.

Купер пак, носеше црн капут, маскирни панталони, Најк патики и црн шал. Актерот на филмот „Маестро“ го комплетираше изгледот со очила за сонце и додаде малку елеганција со сина карирана капа.

Медиумите првпат почнаа да зборуваат за можната врска на парот во октомври 2023 година. Двојката беше „уловена“ повеќепати заедно на различни средби и настани, но ова е првпат манекенката и актерот да се држат за рака.

Во текот на изминатата година се шпекулираше дека Џиџи Хадид имаше љубовна афера со Леонардо ди Каприо. Инаку, таа со пејачот Зејн Малик ја има тригодишната ќерка Хеј.

Бредли Купер пак, е татко на ќерката Леа со моделката Ирина Шајк.

 

Слични објави

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо
Се вчитува....