13:58 - 12 ноември, 2026

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Познатата пејачка Катарина Живковиќ одлучи студените денови во Србија да ги замени со жешките песоци на Обединетите Арапски Емирати. Таа редовно ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи со нереални снимки од ова егзотично патување, а тоа беше случај и овој пат.

Со своите најнови објави на Инстаграм, Катарин им го одзеде здивот на своите следбеници позирајќи во бескрајната пустина за време на магично зајдисонце.

Пејачката избра опуштен, но исклучително провокативен стајлинг за оваа авантура. Во широки, трендовски фармерки и бела кошула врзана високо над папокот, Катарина ја истакна својата совршена фигура и затегнат стомак во преден план.

За да се заштити од пустинското сонце и ветер, таа ја покри главата со марама во ориентален стил, додека целиот изглед го комплетираше со темни очила за сонце. Нејзината опуштена поза со кренати раце се вклопи во мистичниот амбиент на песочните дини, додека таа беше боса за таа пригода.

Сепак, позирањето во песок не беше единственото нешто во кое пејачката уживаше за време на ова патување. Катарина ја покажа и својата бестрашна страна, а дел од времето го помина дружејќи се со вистински, величествен сокол! Оваа моќна птица грабливка, која претставува еден од најпознатите симболи и гордост на Емиратите, беше дел од нејзиното традиционално искуство во пустината, па затоа позираше со неа на рамо.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....