18.8 C
Скопје
04:16 - 11 септември, 2026

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Ѓорѓе Балашевиќ почина на денешен ден пред пет години, на 67-годишна возраст. Зад себе ги остави сопругата Оливера и децата – Јелена, Јована и Алекса.

Тој почина на Инфективната клиника при Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад. Лекарите ги презедоа сите неопходни мерки за лекување, но неговата состојба се влошуваше поради претходни хронични здравствени проблеми.

„Панонскиот морнар“, како што многумина го нарекуваа, освои бројни срца со нежните стихови и препознатливата музика. Неговото заминување остави голема празнина.

Сопругата Оливера еднаш раскажа за нивната последна средба, истакнувајќи дека ништо не навестувало крај.

– Додека одев околу зградата, сретнав познаничка и ја прашав дали знае каде е неговата соба и прозорецот. Ми рече дека е на приземје и ме одведе таму. Се видовме. Само ми ја подаде раката и ме поздрави како ништо да не е судбоносно. Како да нема разделба. Оттогаш прозорецот е нашата врска. Верувам дека засекогаш остави прозорец преку кој комуницираме. Му мавтав и му покажував да биде силен. Го повикував, како што и тој мене некогаш ме повикуваше. За него тоа сигурно ќе беше нова песна – прво мене да ме расплаче, па потоа многу генерации – раскажа таа во телевизиско гостување.

Балашевиќ оставил и проштално писмо до семејството, кое им го испратил по електронска пошта. Неговата ќерка Јелена, позната како Беба, откри дека писмото било напишано во негов препознатлив стил – со доза хумор и емоција.

– Татко ми гледаше на животот со многу хумор. Во една реченица ќе те расплаче, во следната ќе те насмее до солзи. Еден ноември, кој сите го доживувавме со страв поради една негова песна, ни напиша писмо. Иако секојдневно се гледавме и слушавме, веројатно чувствуваше дека треба нешто да ни остави запишано. Ме налути тогаш, бидејќи звучеше како упатство што треба да го следиме кога него ќе го нема. Тоа не беа барања, туку нешто налик на поука – раскажа таа.

Споменот на „Панонскиот морнар“ продолжува да живее преку неговите песни, стихови и љубовта што ја остави зад себе.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....