-0.2 C
Скопје
06:34 - 10 март, 2026

(Фото) Бизарен гест на Канје Вест: Објави некролог за Пит Дејвидсон, фановите го нападнаа: „Засрами се!“

ким кардашијан канје вест

Љубовната приказна меѓу Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон траеше само девет месеци, а потоа и двајцата  „одлучија да бидат само пријатели“, како што објави инсајдер минатата недела за Пејџ Сикс. Брза разделба, како и многу други во животот на Пит, што му даде инспирација на Канје Вест, најпознатиот поранешен сопруг на Кардашијан (Кардашијан претходно беше во брак и со Дејмон Томас и Крис Хамфрис) почетна точка за бизарна шега постирана на социјалните мрежи.

На Инстаграм, раперот, кој сега се вика Је, објави некролог користејќи лажна страница од Њујорк тајмс: „Скит Дејвидсон почина на 28 години“, пишува во објавата.

instagram

Јасна референца за дваесет и осумгодишниот комичар и водител, кому Вест претходно му го дал прекарот „Скит“ и за смртта на врската со Ким, која започна токму кога заврши нивниот брак. „Весникот“ го пренесува датумот на разделбата – понеделник, 8 август.

На многумина воопшто не им се допадна идејата на Вест, го обвинија за со лош вкус, но и за тоа што „тој посакува смрт на 28-годишен маж“, трети пак, веќе заклучија дека Вест е секако„проблематична личност, полна со незадоволство и неспособна да управува со сопствените негативни емоции“.

„Како обожавател го мразам ова, порасни“, предложи еден од следбениците. „Засрами се, фокусирај се на својата работа и на твоите деца“, повика друг следбеник. По полемиката, раперот повторно го „заклучи“ својот Инстаграм профил,  правејќи го недостапен за сите да го видат,  но штетата веќе е направена.

Кои беа девојките на Пит Дејвидсон и колку траеја врските „дури трепнеш“; што тогаш од него очекуваше Ким?

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....