5.8 C
Скопје
07:28 - 1 април, 2026

(Фото) Бајден ќе ја мажи внуката во Белата куќа: „Им благодариме на баба и дедо за локацијата на свадбата“

Внуката на Бајден, Наоми (28), ќе се мажи во сабота, а нејзиниот избраник е адвокатот Питер Нил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)

За да ја објави официјалната свршувачка на Инстаграм,  во 2021 година, Наоми скромно позираше во спортска облека, покажувајќи го  вереничкиот прстен. Дијамантот со смарагд, кој ѝ припаѓал на бабата на младоженецот, американскиот печат го проценува на околу 30 илјади долари.

Наоми го запознала својот иден сопруг во 2018 година благодарение на некои заеднички пријатели.

Питер Нил е адвокат роден 1997 година, страстен за политика, тој беше практикант во Белата куќа за време на претседателствувањето на Обама и ја следеше изборната кампања на Хилари Клинтон. Па логично свадбата ќе биде во Белата куќа.

„Јас и Питер сме бескрајно благодарни на баба и дедо што ни дадоа можност да ја прославиме нашата венчавка во Белата куќа. Едвај чекаме да ја официјализираме нашата заедничка љубов и она што ќе следи“. Со овие зборови споделени на социјалните мрежи, внуката на Бајден ја потврди веста на локацијата на венчавката, уште во април годинава.

Инаку, последна венчавка во белата куќа на директен роднина на претседател на Соединетите Држави датира од 1971 година кога Триша Никсон се омажи за Едвард Кокс во градината на розите, за потоа да ги угости гостите на прием во Источната соба, под среќниот поглед на нејзиниот татко Ричард Никсон.

фото Инстаграм

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....