4.8 C
Скопје
05:36 - 28 март, 2026

(Фото) Анѓелка Прпиќ со остра порака се огласи по смртта на Мика Алексиќ, кој беше обвинет за сексуално вознемирување актерки

Српската актерка Анѓелка Прпиќ се огласи по веста дека починал режисерот и сопственик на драмското училиште „Работа на срцето“, Мирослав Мика Алексиќ.

Како што објавија српските медиуми, Мика Алексиќ починал на 18 јануари, во својот дом во Белград, по долго боледување.

Се наведува дека причина за смртта е рак на дебелото црево.

Само неколку актери се огласија по неговата смрт, а меѓу нив е и Анѓелка Прпиќ.

Исто како и нејзиниот колега Милош Тимотијевиќ, Анѓелка Прпиќ објави наслов на веста на социјалните мрежи кој гласеше: „Режисерот и наставник по глума Мирослав Мика Алексиќ почина“, но актерката го прецртала делот „режисер и наставник по глума“ и напишала погоре: „злоставувач и сексуален престапник“.

Во изминатите години против Алексиќ се водеше кривична постапка поради сомнение за сексуално злоставување на ученички во неговото училиште за глума, случај што предизвика силни реакции во јавноста. Поради смртта на обвинетиот, судската постапка остана без пресуда.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....