9.8 C
Скопје
16:20 - 19 февруари, 2026

(Фото) Адвокатката на Џони Деп се развела поради него? Повторно се фотографирани заедно

„Дејли мејл“, повикувајќи се на свои извори,  пишува дека Џони Деп е во врска со неговата адвокатка Џоел Рич, која го бранеше за време на тужбата против „Сан“ во Велика Британија минатата година. Таа е партнерка во меѓународната адвокатска фирма Schillings, чии клиенти се и принцот Хари и Меган Маркл.

Според „дејли меил“, Рич дошла да го поддржи Деп и на последното судење против Амбер Херд во Вирџинија.

На фотографиите кои ги направиле новинарите, забележливо е дека се движат блиску еден до друг, а на една фотографија се гледа како актерот ја стави неговата рака на грбот на Рич, дозволувајќи ѝ да помине пред него.


Рич не беше дел од тимот на Деп во процесот на судењето против Херд во Вирџинија.

Наводно, во ист хотел Рич и Деп престојувале и за време на судењето.

За врската на парот зборува и извор од Us Weekly. Според овој извор пак, станува збор за „голема хемија“ и за сериозна врска.  Кога Рич го бранеше Деп на судењето против The Sun, кој актерот го обвини за клевета, таа беше мажена. Сепак, познато е дека таа сега е во процес на развод од сопругот, финансиерот Џонатан Рич, со кој има две деца.

Интересно е што претходните медиумски шпекулации за Деп беа дека тој е во врска со адвокатката Камила Васкез, која му помогна да го добие судењето на неговата поранешна сопруга Амбер Херд во Вирџинија, но овие гласини не беа потврдени.

На крајот на мај оваа година заврши долгата тужба на Џони Деп против поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство. За возврат, Деп ја обвини актерката за клевета, што му ја уништила кариерата. Во судскиот процес победи Деп, а на Амбер Херд судот ѝ наложи да плати паричен надомест.

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....