7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

(Фото) Адријан Гаџа по долго време се појави во јавноста, еве што прави сега

По долго време, пејачот Адријан Гаџа се појави на социјалните мрежи.

Адријан Гаџа беше еден од најпопуларните музичари на нашата сцена од почетокот на 2000-та година.

Тој потоа се повлече од музичката сцена во Македонија и повеќе работеше во Косово и во Албанија каде што исто така е доста популарен.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност.

На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.

Нашиот евровизиски претставник од 2008 година, кој настапи со песната ,,Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак и не успеа да влезе во финале, по многуте учества на музички фестивали и освојувањето на албанскиот пазар, потоа отвори ресторан во Скопје.

Тој пред неколку години кога тивко се повлече од сцената, реши да преминува во угостители.

Сега за животот на Гаџа малку се знае. Последна негова објава е патување во Париз во април, а на најновата слика, Гаџа опуштено се шета со својот миленик, и се гледа декаа воопшто не се сменил од времето кога девојките врескаа по него на настапите.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....