04:55 - 4 април, 2026

Фолк-пејачот Марко Булат примен на ургентно, го претепала сопругата: Марија Булат работела во полиција, а обвинувана е за поседување наркотици

Марко Булат, 49-годишниот српски фолк пејач, вчера околу 16 часот завршил во Ургентниот центар во главниот град на Србија, а за здобиените повреди ја обвинил сопругата Марија, пренесоа српските медиуми.

Марко Булат бил донесен со приватно возило, а неговите повреди биле видливи. Бил повреден при расправија со сопругата во семејната куќа во Нов Белград.

Тој ја пријавил сопругата во присуство на адвокат, а и Марко и Марија биле испратени на преглед во болница, а за случајот бил известен и Центарот за социјална работа во Раковица.

Како што пренесуваат српските медиуми, Марко по расправија и насилство си ги земал неговите лични работи и го напуштил станот.

По земањето изјава од Марија Булат изречена ѝ е итна забрана за приближување и оддалечување од куќата во траење од 48 часа.

Медиумите ја контактирале Марија Булат, но им рекла дека не може да зборува.

– На лекар сум, во болница. Не можам да зборувам сега. Добро сум – рекла таа.

Инаку, Марија Булат минатата година беше уапсена во нејзиниот салон поради наводно примопредавање на кокаин.

Но тоа не бил првпат сопругата на фолкерот да е во судир со законот. Марко Булат и неговата сопруга во август 2017 година биле приведени во полиција во Црна Гора поради поседување наркотици. Сопругата на Булат на распитот тврдела дека дрогата е нејзина и дека ја консумирала. Против неа била поднесена прекршочна пријава бидејќи се работело за мало количество наркотици.

Марија Булат работела и во полиција, а била дел и од реалното шоу „Задруга“ во кое не издржа долго, па набрзо го напушти.

Покрај тоа, сопругата на пејачот Марко Булат со месеци има потешкотии со здравјето. Покрај проблемите со ‘рбетот има и сериозни компликации со железо во крвта, поради што има хронична анемија која ѝ предизвикува бројни потешкотии, а сопругот Марко отсекогаш ѝ бил голема поддршка во се.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....