12:05 - 11 ноември, 2026

(Видео) Фитнес-моделот Стефан Спирковски се качи на параглајдер и го виде Охрид од птичја перпсектива

Популарниот фитнес-модел и нифлуенсер Стефан Спирковски од Скопје е голем авантурист, тоа го поажал многу пати пред јавноста.

Храброто 33-годишно момче овој пат одлучи да го погледне Охрид од птичја перспектива.

 

Спирковски, како што вели во видеото, во Охрид бил многу пати и се впуштил во различни авантури, но летањето со параглајдер е за него откровение.

Прв лет со параглајдер, и тоа акробатски над Охридското Езеро. Едно од најлудите искуства досега 🤟🏻🪂 Охрид, ти благодарам за уште едно незаборавно искуство 🇲🇰 – напиша тој на објавата на социјалната мрежа.

Посојат три локации од каде што се полетува, Велестово, Јабланица и Галичица.  Стефан ја одбрал Галичица. Тој раскажува како изгледа целиот пат до небото и назат.

Јас не го избрав најлесниот начин, само летање, туку акробатски лет. Летот траеше 15-20 минути, но додека лебдите во воздух времето како да поминува побавно, како да сте горе цела вечност. Но секој миг вреди бидејќи кога ќе се искачите на одредена висина добивате фантастичен поглед, во иста линија ги гледате и Охридското и Преспанското езеро – неверојатно, вели тој.

Цената за летање, како што открива тој е 85 евра, а акробатското летање чини 100 евра.

Не е лесен подвиг, доколку имате слаб стомак не го правете ова, мене малку ми фалеше да се истурам – низ смеа вели тој.

 

Ова е едно од најубавите искуства што сум ги доживеал. Ти благодарам Охрид – рече стефан.

Слични објави

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova
Се вчитува....