02:23 - 10 јануари, 2026

Филмот за поп дивата со неповторлив глас Витни Хјустон премиерно во декември

Поминаа десетина години од прераната смрт на единствената Витни Хјустон, чиј неповторлив глас ни подари незаборавни хитови и затоа публиката со нетрпение ја очекува премиерата на биографскиот филм „I Wanna Dance With Somebody“ која треба да се одржи на 21 декември годинава.

Продукцијата е на „Сони“, а главни продуценти се снаата на пејачката, Патриша Хјустон, како и нејзиниот ментор, Клајв Дејвис.

Во главната улога е младата и надежна Наоми Аки, Дејвис го глуми Стенли Тучи, а нејзиниот насилен сопруг Боби Браун го толкува Ештон Сандерс.

Сценариото е на Ентони Мекартен, кој го потпиша и биографскиот филм за Фреди Меркјури од 2018 година – „Боемска рапсодија“. Режисер на филмот е Каси Лемонс.

Некои песни на Витни се толку неверојатно убави што воопшто не им е потребна музичка придружба. Ова секако ја вклучува песната „I Will Always Love You“, која всушност е преработка на хитот на кантри пејачката Доли Партон од 1974 година.

Во првите неколку стихови, Хјустон не води на музичко патување целосно без инструментална придружба. Таа вокално ги истражува височините и длабочините, а истовремено си игра со зборовите. Болната разделба и заветите на вечна љубов влегуваат под кожа со секоја нота.

Велат дека кога канадскиот музички продуцент и текстописец Дејвид Фостер работел на песната „I Will Always Love You“ за филмот „Телохранител“ (1992), тој првично го отфрлил предлогот на главниот актер Кевин Костнер Витни да пее без музичка придружба.

„Не можете да пуштите таква песна на радио. Но, кога ја отвори устата, веднаш сфатив дека Кевин Костнер ја има една од најдобрите идеи во музичката историја“, напиша Фостер во своите мемоари од 2008 година.

Критичарите често пати знаеја да кажат дека поп-дивата поседуваше способност да разубавува одредени слогови на виртуозен начин со менување на тонските секвенци низ неколку октави. Гласовните експерти ја нарекуваат оваа речиси акробатска техника „мелисма“ или „мелизматично пеење“.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....