16:22 - 3 април, 2026

Филмот „Сам дома“ и ликот на Кевин оставија траен печат кај Британците – избран е за најдобар на сите времиња

Синџирот кина „Шоукејс синемас“ (Showcase Cinemas) спроведе анкета за да дознае од граѓаните на Велика Британија кој е нивниот омилен божиќен филм.

Филмот Home Alone („Сам дома“) од 1990 година доби 19 отсто од гласовите во анкетата спроведена пред празничната сезона и е прогласен за најдобар божиќен филм на сите времиња во Велика Британија.

На второ место се наоѓа филмот Elf („Џуџе“) од 2003 година со 14 отсто гласови и на трето место Love Actually („Всушност, љубов“) со 13 отсто гласови. Освен за филмови, тие гласаа и за своите омилени ликови во божиќните филмови.

„Сам дома“ е семејна комедија од 1990 година, напишана и продуцирана од Џон Хјуџс и режирана од Крис Колумбус.

Филмската ѕвезда Меколи Калкин го игра Кевин МекКалистер, осумгодишно момче, кое по грешка е оставено дома кога неговото семејство лета за Париз за нивниот божиќен одмор.

Кевин на почетокот ужива сам дома, но подоцна ќе биде посетен од двајца крадци, кои ги играат Даниел Стерн и Џои Пеши. Во филмот исто така со своето актерство се истакнуваат Кетрин О’Хара и Џон Херд како родители на Кевин.

Почнувајќи од 2009, „Сам дома“ беше највисоко рангирана комедија на сите времиња.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....