11.8 C
Скопје
16:01 - 30 март, 2026

Фиби најмладата ќерка на Бил Гејтс – „Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс во интервју за „Информејшн“ изјави дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс.

Оваа млада девоjка има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм.

– Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)… Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби.

Фиби вели дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи.

– Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби.

Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос.

– Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс.

 

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....