19:48 - 3 ноември, 2026

„Фала ти, љубов, ама не мораше…“: Дарко Лазиќ го отвори куферот и се шокираше – сопругата му спакувала женски чорапи

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ доживеа урнебесна ситуација пред настап во Шведска, која реши да ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Имено, додека се подготвувал за концертот, Дарко го отворил куферот што му го спакувала сопругата Катарина и останал без зборови.

Тој во видео на Инстаграм ја покажа гардеробата подготвена за настапот: црни фармерки, црн џемпер, чевли – сè уредно и со стил. Но, кога дошол редот на чорапите, следело изненадувањето.

„Дојдов во Шведска да пеам. Ја замолив жена ми да ми спакува црни чорапи – и таа ми спакувала… ама погледнете какви“, раскажува Дарко со насмевка, покажувајќи дека по грешка добил женски чорапи со циркони.

„Фала ти, љубов, навистина, не мораше… знам дека ме сакаш“, се пошегува пејачот, а видеото за кратко време собра илјадници реакции и коментари.

Инаку, Дарко Лазиќ е познат по својот бурен љубовен живот. Зад себе има брак со пејачката Ана Севиќ, свршувачка со Марина Гагиќ, како и неколку јавни врски. Во едно од поновите гостувања, тој отворено зборуваше за тоа каков е во партнерските односи.

„Знам да бидам препотентен и безобразен, но на крај секогаш јас попуштам. Прв се извинуваам, дури и кога не сум виновен. Кај нас, прегратката е таа што смирува сè – и тоа е најважно“, изјави
Дарко.

Тој нагласи и дека емоцијата мора да постои во секој момент, додавајќи дека никогаш не ја изневерил сопругата додека бил во брак.

„Маж што изневерува – не е задоволен. Жената треба да се почитува, да биде единствена и секогаш на прво место“, порача пејачот.

Слични објави

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо
Се вчитува....