3.8 C
Скопје
04:11 - 26 декември, 2024

Еве зошто Софија Вергара не сака да има деца: „Време ми е да бидам баба, а не мајка“

За многумина тие беа најубавата славна двојка. Беа луди еден за друг, и оставаа впечаток дека се вљубени до уши, но на нивниот брак дојде крајот. А сега Софија Вергара истакна дека не сака да има деца на 50 години.

Во овој брак и двајцата се смириле, а тајната на нивната стабилна врска лежела во тоа што згодниот Џои Манганело не е љубител на излегувања.

“Мојот брак се распадна бидејќи мојот поранешен сопруг е помлад, тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам “стара мајка”. Чувствувам дека тоа не е фер кон бебето”, изјавила Софија Вергара, чиј поранешен партнер има 47 години, а таа 51.

Софија и Џои се венчаа во 2015 година, на Хаваи, романтично, на зајдисонце. „Кога знаеш, само знаеш, а ние веднаш дознавме – многу, многу брзо“, изјави актерката по венчавката, алудирајќи на неговото запросување и додавајќи дека ја запросил на шпански.

Софија веќе го имаше синот Маноло од претходниот брак со својата средношколска љубов. Немаше ни 18 години кога Џо Гонзалес стана нејзин сопруг во 1991 година.

Тие раскинале две години подоцна и таа сама го одгледала детето. Останала во одлични односи со својот поранешен сопруг, но започна и романси со луѓе кои беа на другата страна на законот, како што е осудениот Крис Пачело. Се претставуваше како бизнисмен, беше сопственик познати клубови, се дружеше со Мадона, а Вергара беше неговата најсериозна врска.

Ѕвездата на „Гризелда“ изјави дека ги почитува жените кои одлучуваат да имаат деца подоцна во животот, но додаде дека тоа не е за неа.

„Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка“.

Вергара додаде дека приоритет и понатаму ќе ѝ биде нејзиниот живот, дури и ако стане баба.

„Кога син ми ќе стане татко нека ми го донесе детето некое време, па јас ќе му го вратам и ќе си продолжам со животот, тоа е тоа што морам да го направам“, истакна таа.

Софија и нејзиниот Џо ја нашле среќата по тешките моменти низ кои поминале во животот. Порано бил алкохоличар, но не пие повеќе од 20 години. Нејзиниот живот пак, е полн со трагедии. Доаѓајќи од богато семејство во Баранкила, постариот брат на актерката Рафаел беше убиен во 1998 година за време на неуспешен обид за киднапирање. На 28-годишна возраст, Вергара доживеа уште една траума: беше подложена на операција на рак на тироидната жлезда. За среќа, тој подоцна целосно се повлече. И тогаш нејзиниот помлад брат, Хулио, беше депортиран од Америка во Колумбија, бидејќи тој прво влезе во светот на алкохолот, а потоа и наркотиците, и тоа оние, најтешките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Како што изјавила, доколку во иднина најде љубов, нејзиниот партнер треба да има свои деца. „Наскоро ќе бидам во менопауза, тоа е природен тек на работите“, рече таа.

Одлуката за тоа кога ќе станете мајка е многу лична работа, никогаш не е доцна ако сакате да имате дете а таа желба ви се оствари, и секој има право да си го обликува животот како што сака.

 

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо
Се вчитува....