2.8 C
Скопје
17:04 - 20 декември, 2024

Еве зошто Бора Чорба и Ѓорѓе Балашевиќ не зборувале 40 години: „Има еден поет кој лично не го ценам како човек…“

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ моментално се наоѓа во болница во Љубљана, каде лекарите неуморно се борат за неговиот живот.

Овој прославен рокер, кој остави длабока трага на регионалната музичка сцена, е познат не само по песните кои освојуваат генерации, туку и по острите политички ставови и големата љубов кон татковината.

Соработката со Ѓорѓе Балашевиќ, почнала во раните фази на неговата кариера, но, конфликтот меѓу нив започнал уште во седумдесетите години, кога Балашевиќ ја критикуваше песната „Кукла од насловна страница“ на групата „Рани мраз“, во која Бора беше еден од членовите. Поради несогласувања околу оваа песна, Бора ја напуштил групата и раскинал соработка со Балашевиќ, пренесува српски Пинк.

Потоа, Бора Ѓорѓевиќ ја основал групата Рибља Чорба, но се чини дека конфликтот со Балашевиќ не бил заборавен.

За време на концертот во белградската Арена, Балашевиќ го критикуваше Бора за настапот како предгрупа на Аца Лукас.

– Еден од моите поранешни колеги од групата „Рани мрз“ на новогодишната ноќ настапува на плоштадот како предгрупа на Аца Лукас… – рече Балашевиќ, а потоа набрзо стигна и одговорот на Бора Чорба.

Тогаш Бора во својата книга „Пуст остров“ го нарече Балашевиќ „најлош папучар“ посочувајќи дека неговата сопруга Оливера има преголемо влијание врз неговиот живот.

Во песната „Предејане“ Бора сурово го нападна Балашевиќ со стихови, но истакна дека не го интересира реакцијата на Балашевиќ.

– Во мојот нов албум има и подобри песни од таа! Не ми е гајле дали Балашевиќ се налутил поради тие стихови, не мислам на тоа – изјави Чорба.

Бора во 2008 година во емисијата на Раде Раденковиќ изјави дека ја почитува работата на Балашевиќ, но не и него како личност поради ставовите на Балашевиќ. Додаде дека Балашевиќ е талентиран поет и писател, но дека не му се допаѓа начинот на кој зборува и се изразува.

– Не сум толку суетен, па немам проблем да бидам предгрупа на Аца Лукас. Тој е голем уметник и нам од „Чорба“ ни беше чест да го забавуваме народот пред неговиот концерт – изјави тогаш Бора за српски Информер.

– Има еден автор кој јас лично не го ценам многу, но не можам да негирам дека е голем талент- рече еднаш Бора, алудирајќи на Ѓорѓе.

Кога Ѓорѓе Балашевиќ почина во 2021 година, Бора изрази жалење за загубата, велејќи дека Балашевиќ е голем уметник, покажувајќи дека, и покрај нивните разлики, го цени неговиот придонес во музиката.

(Фото) Тања Савиќ се соблече и го покажа згодното тело: Ужива во рајот на Земјата!

Слични објави

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо
Се вчитува....