11:17 - 15 февруари, 2026

Еве во каква состојба е сопругата на Халид Бешлиќ: Соседите на покојниот пејач проговорија – „На лекување е во Германија“

Поминаа три месеци од смртта на музичката легенда Халид Бешлиќ. Смртта на пејачот ја погоди јавноста, а особено сите кои го познаваа. Соседите од селото од каде што е пејачот открија дека здравјето на неговата сопруга Сејда е прилично нарушено, и дека синот Дино често ја води во Германија на лекување.

– Сејда оди на зрачења, сериозна е таа нејзина здравствена ситуација, што да ви кажам. Се информирав дека Дино ја носи во Германија, таму оди во болница, некои информации ги дознав и од медиумите. Прекрасни луѓе се, ние сме тука на нивното земјиште во селото, а инаку неговиот чичко е починат – изјави сосетката, која ни го покажа имотот и куќата во која пејачот пораснал.

Жителите на селото Кнежина, каде пејачот често доаѓал, открија дека планираат да му подигнат биста.

Една од жителките на селото, Вила, призна дека пејачот ѝ помогнал на нејзиниот сопруг кога бил во болница и кога му било најпотребно, а покажа и фотографии од телефонот на кои е Халид со нејзиното семејство.

– Мојот Брано на сите им помагаше, мојот сопруг беше прекрасен човек, а Халид беше голем човек. Двајцата секогаш беа подготвени да помогнат, па затоа е логично што се добро согласуваа. Одеа во училиште заедно. Халид беше единствен, не можете да разберете вие во Белград, но ние овде знаеме. Нема кој за него да каже нешто лошо. Беше човек, и сè друго … никому не му одби помош. Многу пејачи се добри, но душата што ја имаше, тоа ретко кој го има. Никој не можеше да му парира – рече Вила, додавајќи:

– Се сретнавме 10 дена пред заминувањето на Халид. Бев изненадена, особено кога јавија дека е во болница. За Сејда знаев во каква е состојба, а претходно имаше проблеми со здравјето. Бев свесна колкава ѕвезда беше Халид, а по погребот тоа се покажа. Мојот сопруг да беше жив, ќе ја знаете вистинската приказна за него. Ни пееше по кафеаните, сакавме повторно да се видиме некаде, но не се случи. Благословени се неговите големи внучиња, син, прекрасни луѓе се – рече таа за спрски „Блиц“

Слични објави

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Еспресо

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо

(Фото) Станија покажа како ужива со новото момче на Бахамите: По Асмин – повторно блеска!

Еспресо

(Видео) Се соблече во костим за капење среде зима: Сека Алексиќ знае како да ужива во Дубаи

Еспресо

(Фото) Секси бикини: Александра Младеновиќ го „запали“ Инстаграм со фотографиите од Дубаи

Еспресо
Се вчитува....