5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Еве колку заработи Александра Пријовиќ по пет концерти во Загреб: Вртоглава сума!

Александра Пријовиќ со своите пет спектакуларни концерти ги сруши рекордите на Арена Загреб, а сега почнаа да кружат информации за цифрата што ја заработила.

Околу 90.000 луѓе дошле да ги гледаат концертите на Александра во текот на пет дена, а според првите проценки таа од продажбата на билети заработила околу 2.780.000 евра. Цената на најефтиниот билет беше 25 евра, а најскапиот 130 евра, пренесува Дневник.хр.

Така, вкупната сума на заработка од петте Арени во Загреб изнесува  2,780.000 евра.

Секако, тоа не е нејзината вкупна заработка, бидејќи дел од неа оди за изнајмување на арената, сценографија, продукција, бендот и други слични расходи. Но, според ценовникот на „Арена Загреб“, таа за сите пет концерти платила околу 120 илјади евра, а нето заработила околу 2,5 милиони евра.

А благодарение на Александра, секако, профитираа и загрепските хотели, сопствениците на апартмани, таксистите, рестораните, како и транспортните компании од цела Хрватска и од соседните земји, од каде пристигнаа многу фанови.

Инаку, пред Загреб, Александра настапуваше во Сараево и во Белград, каде по три концерти, според пресметките на медиумите, откако ги платила сите трошоци и даноци, заработила фантастични 946.206 евра.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....