11:40 - 10 ноември, 2026

Еве ја листата на најубави острови на светот, има еден и на Јадранското море

Порталот „Travel + Leisure“ објави листа на најубави острови во светот врз основа на искуствата на своите читатели.

Првото место го зазедоа Островите на Големиот корален гребен. На листата има вкупно 25 острови, меѓу кои се бројни светски атракции, како и еден од Хрватска – Хвар, пренесува хрватски „Индекс“.

Хвар, познат како крал на далматинските острови, има полиња со лаванда, лозја и прекрасно чисто море. Посетителите можат да го истражуваат шармантниот стар град Хвар, кој има живописни плоштади, историски градби и средновековна тврдина со панорамски поглед на пристаништето и Јадранското Море, наведува порталот.

„Живиот ноќен живот на Хвар е исто така атрактивен, со трендовски клубови на плажа и барови“, заклучуваат оттаму врз основа на искуствата на неговите читатели, кои на Хвар му дале оценка од 90,20.

Во истражувањето учествувале 165.000 читатели, кои ги оцениле островите според: природни атракции/плажи, активности / знаменитости, ресторани/храна, луѓе/љубезнос и вредноста.

Хвар се нашол на 22-то место од вкупно 25.

Еве како изгледа комплетната листа:

Острови на Големиот корален гребен,

Малдиви, Бали, Мадеира, Пукет Скај и Хебриди,, Кох Самуи, Доминикана,

Лангкави, Боракај, Парос, Фиџи, Златните острови, Мур, Занзибар,

Сејшели, Азори, Бора-Бора, Родос и Додеканез,

Островот Макинак, Галапагос, Хвар, Сицилија, Ангвила и Санторини.

 

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....