5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Ева Мендес ги потврди гласините за венчавка со Рајан Гослинг: „И мојот сопруг е тука, одлично се забавуваме“

Актерката Ева Мендес ги потврди гласините за тајната венчавка со актерот Рајан Гослинг, со кој е во врска повеќе од 11 години и има две ќерки, пренесува Дејли меил.

48-годишната ѕвезда на филмот „Брзи и бесни“ беше гостинка на телевизиското шоу „Тудеј“. За време на разговорот со водителите Карл Стефанович и Алисон Ленгдон, Ева Мендес зборуваше за семејното патување во Австралија и „случајно“ го нарече Рајан нејзин сопруг.

„Сите овде се толку добредојдени, а мојот сопруг Рајан е тука, одлично се забавуваме“, рече актерката.

Гласините дека актерите имала тајна венчавка се појавија на социјалните мрежи откако Мендес на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа нова тетоважа на нејзиниот лев зглоб со зборовите „де Гослинг“. Во шпанската култура, мажените жени го додаваат презимето на својот сопружник на своето, користејќи ја честичката „де“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Рајан Гослинг и Ева Мендес се заедно 12 години. Двојката има две заеднички ќерки – 8-годишната Есмералда и 6-годишната Амада.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....