8.8 C
Скопје
00:13 - 20 февруари, 2026

Ештон Качер открива: „Болеста ме остави неспособeн да гледам, слушам и да одам една година“

Актерот дури денес раскажа за трагедијата што ја доживеал пред околу две години: „Многу ретка форма на васкулитис ми го расипа видот, слухот, целата моја рамнотежа. Ми требаше една година да се опоравам. Имам среќа што сум жив“.

„Автоимуна болест ме остави неспособен да гледам, слушам и одам“. Ова го откри 44-годишниот Ештон Качер во една епизода од ТВ-програмата „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“ која ќе се емитува следниот понеделник на „National Geographic“, но во која „Access Hollywood“ веќе имаше можност да ѕирне.

„Пред две години“, вели актерот, „Имав многу ретка форма на васкулитис“. Автоимуна болест која предизвикува воспаление на ѕидовите на крвните садови и може да влијае на неколку органи. Во случајот на Ештон, „тоа ми го уништи видот, слухот, целата моја рамнотежа. Не знаев дали некогаш ќе можам пак да гледам, слушам, шетам. Ми требаше една година да си ги вратам сетилата“.

Актерот призна дека минувал низ страшен период: „Имам среќа што сум жив“. Но, сега кога целосно го закрепна своето здравје, научи да гледа на животот со други очи. По таквото искуство тој почнал „да се движи над проблемите наместо да живее под нив“. А животот денес му изгледа „позабавен“.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....