14.8 C
Скопје
17:32 - 13 март, 2026

Емотивна исповед на Криси Тајген за „една година без алкохол“: „Би сакала да се сетам на било-кое доделување на награди“

Познатата американска манекенка Криси Тајген, која неколку пати јавно проговори за проблемите со алкохолот, вчера прослави една година трезвеност.

Таа во оваа прилика на својот Инстаграм профил објави видео со семејството – Тејген, нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, и нивните деца, шестгодишната Луна и четиригодишниот Мајлс, на одмор ги посетуваат културните знаменитости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Во описот на видеото, Тајген призна за деновите на пиење и сподели со своите многубројни следбеници дека „се чувствува навистина добро“ бидејќи е трезна.

– Ниту една капка алкохол за 365 дена! Некогаш ми недостигаше чувството да бидам откачена и безгрижна, но да бидам искрена, кон крајот алкохолот веќе не ми го даваше тоа забавно чувство, напиша таа.

Манекенката рече дека „пиела за да се справи со анксиозноста“, иако забележа дека овие чувства подоцна „најчесто исчезнале“ кога престанала да пие минатата година.

– Во секој случај, се чувствувам многу добро, иако понекогаш многу се фрустрирам кога ќе се навратам на деновите на кои не се сеќавам поради алкохолот, сподели Криси со своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Манекенката потоа наброја некои моменти од својот живот кои не ги памети добро.

– Пиев во кафуле и заспав додека готвачот на Outback Steakhouse, кај мене дома, ги подучуваше моите пријатели како да направат расцутен кромид. Посакувам да бев будна тогаш, истакна Криси.

– Би сакала да се сетам на билокоедоделување. Има фотографии од големи моменти во мојот живот каде моите очи изгледаат како да исчезнале, објаснува таа.

– Иако искрено сè уште не знам дали некогаш повторно ќе пијам, знам дека никогаш повеќе не сакам да бидам таква. Лошите соништа ќе се обидам да ги решам со терапија, без алкохол, заклучи Тајген.

Објавата собра повеќе од 300.000 лајкови, а голем број нејзини следбеници и честитаа на годината на трезвеност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

 

 

 

Слични објави

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova
Се вчитува....