8.8 C
Скопје
10:13 - 30 март, 2026

Емотивна исповед на Ана Николиќ: „Кога ќе ме нападнете, ќе ве потсетам сите која сум…“

Ана Николиќ ја отвори душата за време на гостувањето во српската ТВ Пинк, зборуваше за мајчинството, за сето она што ја променило, но и за конфликтите со бившиот сопруг.

– Мајчинството ме промени на повеќе нивоа. Тоа мало суштество не побарало да се роди, и зависи само од тебе. Се раѓа сила, која не можам да ја опишам. За моето дете јас сум подготвена на се! Чувство кое не можеш да го опишеш – рече Ана, а потоа призна дека напротив, имало моменти кога била најслаба:

– Еднаш и реков на Марина дека не можам повеќе, дека работам многу, дека ми е тешко, дека се ми е преку глава. Таа лежи таму и ме гледа, па вели: „И јас би, но не знам“ – низ смеа рекла Ана.

Ана призна колку и значат емоциите во животот, но често и предизвикуваат проблеми. Исто така, таа откри зошто често се чувствува погрешно разбрана.

– Сè правам од чувства, од љубов. Сè уште верувам во љубов до ден-денес. Не знам дали би се омажила повторно од љубов, немам одговор на тоа прашање. Можеби овој пат би го користела мојот мозок… Некаде ми недостига таа партнерска врска, но момче како момче не. Не го разбирам овој синдром на Балканот, но ни мене овде никој не ме разбира. Кога одам во Лондон, сите ме разбираат таму, не знам што е ова. Како да не сум од овде. Да расчистиме, јас сум уште Ана Ѓуриќ, си го задржав презимето, моето дете го носи истото. Така е. Знаете, кога ќе размислам сега, на крајот сè испадна добро – изјавила Ана.

Таа се присети и на периодот кога – како што вели- не била толку добра личност како денес, а призна и колку збеснува кога ја критикуваат за нешто.

-Она што ги изненади новинарите, но и дотичниот господин е тоа што јас одговорив, а тоа е само затоа што ме напаѓаа, а никогаш не сум била подобра. Кога ќе кажете нешто за мене, е сега ќе ве потсетам сите која сум, колку сум била луда, и тоа баш луда… Очигледно не се сеќаваат и треба да ги потсетам – заклучи Николиќ.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....