08:09 - 31 јануари, 2026

ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕТО НА СЕТ: Тогаш бев навистина безначајна, непозната манекенка

емили ратајковски

Емили Ратајковски неодамна гостуваше во подкастот „Millennial Love“ во кој истакна дека верува дека денес не би била позната доколку во 2013 година го обвинила Робин Тик за злоставување на снимањето на „Blurred Lines“.

(ФОТО) FEMME FATALE: Емили Ратајковски во огнено црвено

Моделот моментално ја промовира книгата „My Body“, а во своето гостување се осврна и на споменатата случка од снимањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

„Тогаш бев навистина безначајна, непозната манекенка. Мислам дека ништо немаше да се случи освен што ќе немав ваква кариера, тоа е суровата реалност“, рече Емили објаснувајќи зошто не реагирала уште на сетот на снимањето на видеото.

Како што вели, тоа бил срамен и понижувачки момент за неа, но дека често го потиснувала и се убедувала дека тоа е безначајно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

За потсетување, лондонскиот „Sunday Times“ пренесе делови од книгата во кои манекенката пишува за злоставувањето што го доживеала од страна на пејачот Робин Тик.

„Одеднаш, од нигде никаде почувствував студ и раце на странец од позади кои ги допираат моите голи гради. Инстинктивно се тргнав и се свртев и го видов Робин Тик“, напишала Ратајковски, која танцуваше со две други девојки во видеото за песната која во 2013 година стана еден од најголемите светски хитови.

Иако истакна дека на почетокот уживала во снимањето на спотот, таа тврди дека работите се промениле откако пејачот се опил и почнал да се однесува грубо кон неа. Наводите за однесувањето на Тик ги потврди и Дајан Мартел, која се потпишува како режисерка на видеото.

„Се сеќавам на моментот кога ѝ ги зграпчи градите. Со двете раце ѝ ги фаќаше нејзините гради. Стоеше зад неа. Викнав многу агресивно: -Што правиш, по ѓаволите? Што е ова?! Снимањето заврши!“, изјави Мартел за „Sunday Times“ додавајќи дека Робин се извини и рекол дека тоа немало да се случи ако бил трезен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Сепак, ова не е единствениот случај на сексуално вознемирување што Емили го доживеала во нејзината кариера.

„Причината поради која пишував за овие искуства не беше: -О, ќе ги наведам моментите кога бев сексуално злоставувана. Тоа беше повеќе: -Дозволете ми да се вратам на моментите од кои многу се срамам и за кои често размислувам“, истакна манекенката.

ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ ГО ОБВИНИ РОБИН ТИК ЗА СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ: За време на снимање на спотот за „Blurred Lines“

Слични објави

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо
Се вчитува....