12.8 C
Скопје
14:22 - 1 април, 2025

Емануел Сење во одбрана на сопругот Роман Полански: Неговата жртва поради која е прогонет, не сака да биде веќе жртва

Човекот со кого живее цели 33 години, воопшто не е личноста за која слушала како сексуален предатор, туку тој е одличен сопруг и одличен татко, тврди глумицата Емануел Сење отворајќи прашања од минатото што ја кренаа Франција „на нозе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mica Pavan (@micapavan7)

Во Франција се гласни полемиките по појавувањето, во неделата вечерта во ТВ-програмата „Sept à huit“, на Емануел Сење (56), актерка на многубројни филмови меѓу кои „Лудило“, „Деветтата порта“ и „Офицер и шпион“, како и сопруга на 89-годишниот режисер Роман Полански.

Сење се впушти во страсна одбрана на својот сопруг. Аргументите што ги употреби во одбрана на сопругот во емисијата, предизвикаа многу критики. Првото обвинение против Полански датира од 1977 година, кога тој беше обвинет дека ја дрогирал и ја силувал Саманта Гејли, тогаш 13-годишна, во Лос Анџелес. Режисерот беше осуден и помина 42 дена во затвор пред да си замине од САД, избегнувајќи долга затворска казна. „На 13 години си млад, се разбира, но тоа беше многу друго време“, вели Сење. „Односот со годините е многу променет. Во тоа време, лолитата беше фалена и славена. Ја започнав мојата манекенска кариера на 14 години, тоа не беше приказна што ме вознемири“. Сење потоа ги истакнува добрите односи што денес ги имаат Полански и неговата жртва и дека „тие разменуваат мејлови“, дека таа „не може повеќе да го поднесете овој статус на жртва“ и затоа судската постапка треба да се затвори.

инстаграм

Кога новинарот ја потсетува дека има многу други жени што го обвинуваат режисерот, таа одговара: „Кога го запознав мојот сопруг, сите жени сакаа да спијат со него, сите млади девојки сакаа да спијат со него, тоа беше апсурдно лудо. Имаше 52 години, изгледаше како да има 30, беше одличен режисер; беше многу привлечен и мислам дека немаше потреба да силува никого“. Според актерката, на режисерот сега се гледа како на параван и тоа имало реперкусии врз неговата кариера: „Ужасно е затоа што не може да снима филм, на актерите им се советува да не глумат во неговите филмови. Јас самата сум на црната листа во Франција. Човекот со кого живеам воопшто не е личноста за која сум слушала, тој е одличен сопруг и одличен татко“.

Друг критикуван пасус од интервјуто е кога Емануел Сење ги евоцира антисемитските прогонства на нејзиниот сопруг, потсетувајќи се на протестите на церемонијата на наградите „Цезар“, Оскарите на француската кинематографија, кога Полански беше награден за режија на „Офицер и шпион“. „Надвор од салата демонстрираа феминистички милитанти, а полицајците употребија солзавец. Некои викаа: ‘Не треба нас да нè задушувате со гас, туку Полански’. Сепак, би сакала да напоменам дека мајката на Роман починала бремена во гасните комори во Аушвиц. Значи, не знам дали ни требаат вакви феминистки“, објасни глумицата.

Слични објави

Ѓани откри дека постара колешка му дала првпат да проба дрога: „Ме фати параноја, беше пекол!“

Еспресо

„Бев катастрофа“: Џина Џиновиќ направи целосна трансформација, го смени личниот опис

Еспресо

(Фото) Тесно здолниште и високи потпетици: Јована Јеремиќ покажа како изгледала пред 11 години

Еспресо

(Фото) Публиката во паника на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: Одеднаш сè запре, темница!

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели шокантна објава: Човекот е луд, беше пијан! 

Еспресо

(Фото) Мелина Џиновиќ го запали интернетот со своето жешко деколте и го покори Монте Карло!

Еспресо