8.8 C
Скопје
11:19 - 1 март, 2026

„Ем-Ти-Ви“ ќе ѝ додели големо признание на Шакира, пејачка со „уникатни музички вештини“

Колумбиската пејачка Шакира наскоро ќе добие големо признание – „Video Vanguard“ на церемонијата на „Video Music Awards“, организирана од „Ем-Ти-Ви“, следниот месец.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се Бијонсе, Ники Минаж, Мадона, Џенет Џексон, Џенифер Лопез, Ријана и Миси Елиот.

Шакира исто така ќе настапи на сцената на VMA за прв пат по 17 години. Тоа ќе се случи на 12 септември.

Оваа награда се смета за награда за животно дело, а се доделува само на оние уметници кои со помош на видеа влијаат на милиони луѓе низ светот во сферата на популарната музика.

„Шакира е вистинска глобална сила која продолжува да ги инспирира масите со своите уникатни музички вештини“, стои во образложението на одлуката потпишана од организаторите.

Слични објави

Српска инфлуенсерка се огласи од Дубаи: „Аеродромите се затворени, ракетите ни летаат над главите“

Еспресо

Хороскоп за 1 март: Овните започнуваат нов циклус, Рибите затвораат важно поглавје

Еспресо

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Е.А.

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо
Се вчитува....